Свет
27. October 2017 - 18:42

Преј: Северна Кореја со електромагнетен пулс може да убие 90 отсто од жителите на САД

Севернокорејски напад со електромагнетен пулс (ЕМП) би можел да убие 90 проценти од жителите на САД и да ја оневозможи инфраструктурата потребна за живот.

Питер Винсент Прај, поранешниот нуклеарен стратег на ЦИА, изјави дека електромагнетниот напад на електрична мрежа може да биде катастрофален, објави „ИБ Тајмс“.

- САД би можеле да имаат 320 милиони жители само поради модерната технологија, рече Прај. 

Според него, електромагнетскиот пулс би можел да ја уништи критичната инфраструктура која е потребна за толку голема популација.

Прај тврди дека, во случај на напад со ЕМП, испораката на храна во продавниците би била оневозможена во рок од три дена и дека 90 отсто од жителите на САД би го загубиле животот. Во извештајот е исто така заклучено дека превозот, средствата за комуникација и енергетските извори ќе бидат онеспособени.