Loading Video...
Свет
25. February 2025 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Во наредните недели може да се постигне договор за прекин на огнот помеѓу Русија и Украина а Европа треба да ја преземе централната улога во обезбедувањето на безбедноста за Украина истакна американскиот претседател Трамп на средбата со францускиот претседател Макрон во Белата куќа.  

Макрон ги поздрави напорите на Трамп да стави крај на војната, но истакна дека постигнувањето мир не смее да значи капитулација на Украина. Уверува дека Европа е подготвена да обезбеди безбедносни гранации за Украина , вклучително и мировни сили, доколку Моксва и Киев постгнат договор за прекин на огнот. Макрон рече дека со британскиот прмеиер веќе имаат подготвен план за таква операција . мировниците би следеле дали  се почитува мировниот договор.

„Исто така, дојдов овде, господине претседателе, за да пренесам многу јасна порака за европската посветеност. Ние сме посветени на градење траен мир, ние сме посветени како Европејци да бидеме вклучени во овие безбедносни гаранции и пошироко сме посветени, свесни како што сме дека Европејците мора да направат повеќе за европската безбедност, нејзината одбрана и поправедно споделување на безбедносниот товар што вашата земја го носи неколку години.

Задоволен сум што претседателот Макрон се согласува дека цената и товарот за обезбедување на мирот мора да ги сносат европските нации, а не само САД. И Европа мора да ја преземе таа централна улога во обезбедувањето долгорочна безбедност на Украина, што тие сакаат да го направат. Голем чекор е она што ќе се случи во текот на следните неколку недели“.

Американскиот претседател  рече и дека  Путин ќе се согласи европски мировници да бидат распоредени во Украина доколку биде постигнат договор за прекин на огнот.

Рускиот претседател   не ја коментираше  изјавата на неговиот американски колега  дека Кремљ ке прифати  европски мировни сили во Украина  но рече  дека е отоврен за вклучување на Европа во мировни преговори. Упати и порака до ТРамп за соработка во  експлоатицијата на руските природни ресурси.

Руската понуда   доаѓа во време кога САД  ја притиска Украина да го потпише договорот за ретки минерали, според кои Соединетите држави би добиле пристап до украинските природни богатства во вредност од 500  милијарди долари како компнензација за  досегашната  американската помош  во војната против Русија.