Loading Video...
Свет
15. January 2025 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Во шест региони во Украина струјата е во прекин превентивно поради масовниот руски ракетен  напад. Русија користи и крстосувачки ракети, објавија украинските воздушни сили. Москва претходно вети дека ќе се одмазди за вчерашниот голем украински напад, чија мета беа воени и индустриски објекти низ Русија. Засега нема информации за жртви и штети, но украинските власти вовеле превентивни исклучувања на струјата во неколку региони.

За време на нападот, Полска подигнала свои борбени авиони од претпазливост.

Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале најмалку 25 лица, а според последните информации девет од нив загинале во пожарот во Палисадес, додека 16 од нив во пожарот во Итон.

Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес ги повика жителите да останат на готовност бидејќи се очекува ветровите повторно да зајакнат.

Уапсен е јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол со што е ставен крај на еднонеделниот судир меѓу истражителите и неговото лично обезбедување. Јун се најде под истрага за побуна откако прогласи воена состојба во државата, по што беше отповикан во парламентот. Технички тој и натаму е претседател се до конечната одлука за отповикупање која треба да ја потврди уставниот суд. Претседателот на Јужна Кореја рече дека тој самиот се предал на полицијата за да спречи крвопролев и најави дека ќе соработува со истражителите иако тврди дека налогот за негово апсење е невалиден.

Претседателот на Р. Бугарија  Румен Радев денеска ќе му го врачи мандатот за состав на влада на кандидатот за премиер Росен Жељазков, предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС. Парламентарните избори во Бугарија се одржаа на 27 октомври 2024 година, а Радев одлучи да им даде дополнително време на партиите за преговори пред да го предаде првиот мандат.

На парламентарни избори во октомври победи партијата на десниот центар ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, освојувајќи околу 25 отсто од гласовите.