Предупредување од ФДА за ретки случаи на срцеви проблеми по аплицирање вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“ и „Модерна“
Американската администрација за храна и лекови додаде предупредување за вакцините Фајзер/Бионтех и Модерна против Ковид-19, за можен ризик од ретки срцеви проблеми (најчесто – воспаление на срцевиот мускул) по употребата.
За секоја од вакцините, информациската брошура е дополнета со предупредување дека има извештаи за компликации што укажуваат на зголемен ризик од миокардитис и перикардитис, особено по втората доза, со симптоми што се појавуваат неколку дена по вакцинацијата.
Заклучно со 11 јуни, пријавени се 1.200 случаи на миокардитис и перикардитис во системот за несакани појави по аплицирање на тие вакцини во САД каде досега се ставени околу 300 милиони mRNA вакцини.
Случаите се чини дека се значително почести кај мажите и во недела по втората доза. Центрите за контрола на болести идентификувале 309 хоспитализирани пациенти со воспаление на срцев мускул, од кои 295 се веќе отпуштени.
Здравствените регулатори во неколку земји испитуваат случаи на миокардитис и перикардитис, најчесто кај млади мажи, по вакцинирањето со вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на Модерна и кои се базираат на mRNA технологијата.
Се уште нема коментар од Фајзер и Модерна.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година
-
Традиционални странчинарски игри во селото Мокриево под Беласица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се затвори завесата на Вевчанскиот карневал
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново