Повторените тестови на Борисов и Желева се негативни, но уште двајца од Советот на министри се позитивни
Повторените тестови на бугарскиот премиер Бојко Борисов, шефицата на неговиот политички кабинет Деница Желева и членовите на тимот на премиерот, се негативни, јави Бгнес.
Сите вработени во администрацијата на Советот на министри се тестираат откако на почетокот на оваа недела двајца вработени во администрацијата беа заразени со Ковид-19. Во моментов, како резултат на тестовите, идентификувани се два нови случаи на заразени вработени во Министерскиот совет.
Така, вкупниот број на заразени вработени со Ковид-19 стана четворица. Поголемиот дел од администрацијата во бугарската Влада веќе е тестиран, а резултатите од најновите тестови се очекува да бидат познати до понеделник.
Претходно Бгнес јави дека Желева има позитивен тест на Ковид-19 а Борисов е негативен но е ставен во карантин додека се чека втор негативен тест.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка