Повеќето германски компании сакаат постојано да се работи од дома
Повеќе од половината компании во Германија, 54 проценти, сакаат работата од дома да остане постојана, според истражувањето на институтот ИФО и анкетата на професионалната мрежна мрежа „ЛинкдИн“ (LinkedIn), спроведена меѓу нејзините членови.
– Кризата со коронавирусот може да биде поттик за постојан работен ангажман од дома, изјави Оливер Валк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии и коавтор на оваа заедничка студија.
Податоците од истражувањето на ИФО покажуваат дека три четвртини од компаниите во Германија се согласиле со дел од нивната работна сила да работат од дома, како начин да се справат со кризата, се вели во соопштението на минхенскиот институт.
Во исто време, истражувањето спроведено меѓу членовите на професионалната мрежа LinkedIn во Германија, покажува дека речиси половина од испитаниците рекле дека сега работат од дома поради пандемијата.
– За многу компании, овие нови работни аранжмани вклучуваат значителни инвестиции во дигитална инфраструктура и нова комуникациска технологија. Целосно враќање на стариот начин на работа е малку веројатно, објаснува Валк.
Според студијата, за 56 проценти од вработените во Германија денес е можна привремена работа од дома, додека пред пандемијата, се користеше само половина од тој потенцијал.
Покрај тоа, една анализа на огласени работни места и лица кои бараат работа на LinkedIn покажува дека бројот на прегледи на огласи за работа од дома се зголемил за повеќе од двапати.
– Сепак, во иднина, работни места за кои се смета дека се целосно остварливи од дома, веројатно ќе продолжат да бидат исклучок, рече Жан -Виктор Алипур, коавтор на студијата за ИФО.
– Знаеме дека недостигот на социјален контакт, кој го вклучува работата од дома, на долг рок може да биде товар и дека дигиталниот свет сам по себе не ги овозможува сите аспекти на креативна размена или трансфер на знаење и идеи. Затоа, поверојатно е дека ќе преовладува комбиниран модел, кој вклучува работа во компанијата и работа од дома. На тој начин се здружуваат предностите од автономијата и флексибилноста на работа од дома со придобивките од социјалниот контакт на работното место, објаснува Алипур.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија