Македонија
29. April 2024 - 19:26

Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници

Вчера во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.