Попоски: Влезот на Македонија во ЕУ и НАТО е во интерес и на Албанија и Бугарија
Членството на Македонија во ЕУ и НАТО не е добро само за Македонија, Европската унија и за Алијансата, туку и за Албанија и Бугарија, оценија министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија и Бугарија, Никола Попоски, Дитмир Бушати и Даниел Митов, по денешниот годишен состанок со претставниците на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија.
Како што истакна министерот Попоски, канењето на двајцата министри за надворешни работи од двете соседни земји на годишната средба покажува дека Македонија нема задни намери кон нив, а нивното, пак, доаѓање на средбата значи дека тие ја поддржуваат Македонија во нејзините евроатлантски интеграциски процеси.
- Стереотипите и стравовите од минатото дека Бугарија и Албанија би можеле следни да ја кочат Македонија во нејзините интегративни процеси и понатаму остануваат, но нивното присуство денеска покажува дека правиме се за да се смени таа перцепција, рече Попоски.
Одговарајќи на новинарско прашање, бугарскиот министер Даниел Митов нагласи дека очекува многу скоро да биде готова финалната верзија на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и додаде дека добрососедството е составен дел на европските интеграции кои го поминале и многу други земји пред Македонија. Нагласи дека Бугарија ја поддржува Македонија во евроатлантските интеграции и додаде дека очекува Европа да ги покаже принципите на солидарност и на одговорност и да помогне во надминувањето на проблемот со мигрантската криза. Потенцира дека Бугарија веќе има примено поприличен број мигранти и нагласи дека ја зголемила контролата на границата со Турција, но и на останатите гранични премини за да може да ја контролира својата територија.
- Тоа сега се обидува да го направи и Македонија, рече Митов, нагласувајќи дека очекува другите сојузници од Европската унија да го преземат делот од одговорноста за надминување на проблемот со мигрантите.
Албанскиот амбасадор Бушати потенцира дека Албанија е заинтересирана за демократската стабилност на своите соседи. Додаде дека јасната европска и евроатлантска перспектива на Македонија е значајна за стабилноста на регионот.
- Нашата поддршка за интеграција на Македонија во НАТО е јасна и сметаме дека сите обиди за нејзино закочување не се во интерес за мирот и стабилноста во регионот, рече Бушати и додаде дека целосното имплементирање на Охридскиот рамковен договор е значајно за побрзо исполнување на евроатлантските цели на Македонија.
На средбата, како што посочија тројцата министри, станало збор и за состанокот што неделава ќе се одржи во Виена, а било одлучено и ваквите трилатерални средби во иднина да станат пракса.
Попоски рече дека очекува на состанокот во Виена да се разговара и за изнаоѓање начини за решавање на билатерланите проблеми со кои се кочи евро и евороатлантската интеграција.
Ново на Сител
-
Кражба во црква во Штип
-
Во Гевгелија започна изградбата на Трговски центар, инвестиција вредна околу 20 милиони евра и отворање на 350 нови вработувања
-
Процесот е во финална фаза, очекувам во јануари банките да почнат активно да пренесуваат дел од средствата од унгарскиот заем до компаниите, вели Мицкоски
-
Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза
-
Возач бегајќи од полицијата се забил во продавница во трговски центар во Тексас, ранил петмина и бил застрелан
-
ФФМ избра нов претседател
-
УХМР: Студен бран со врнежи од дожд и снег
-
Водата од водоснабдителниот систем на град Скопје е санитарно исправна и може непречено да се користи