Поплави во Рим по кратка но силна бура
Бура предизвика поплави во Рим, известува АНСА, повикувајќи се на локалните власти.
Моќната бура, иако кратка, вчера ја зафати не само италијанската престолнина, туку и други области во централниот и јужниот дел на земјата, по долг период на топлотен бран.
Во Рим за помалку од еден час паднаа 60 литри дожд на квадратен метар, што е еквивалентно на количината на врнежи за еден есенски месец.
Многу делови од градот беа поплавени, а дрвја беа урнати од силниот ветер.
Улиците и подвозниците се претворија во реки, а инвентарот од рестораните, односно масите и столовите од надворешните тераси беа однесени.
Прогнозата за следните денови е продолжување на грмотевичните бури и топло време со температури до 32 степени Целзиусови во Рим.
За денеска е издадено предупредување за бури во поголемиот дел од Северна Италија.
Ново на Сител
-
Народна банка со есенски макроекономски проекции
-
Редици граѓани пред „Борис Трајковски“ за подигнување на ваучерите за инвертери
-
СДСМ: Економските политики на Мицкоски се промашени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ крајно нетранспарентно ги трошеле народните пари
-
Преглед на вестите од светот
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД