Политико: Колапс на напорите да се задржи ултрадесницата надвор од власт во ЕУ
Долгорочните напори да се задржат екстремистичките сили надвор од власт во Европа официјално се завршени, пишува Политико, предупредувајќи на подемот на екстремната десница низ обединетиот континент.
Потсетува дека европските политички партии од секаков вид со децении ги здружуваа силите за да ја држат екстремната десница далеку од лостовите на моќта и тврди дека таа стратегија, позната во Франција како „cordon sante“ („заштитен ѕид“) паѓадодека популарноста на популистичките и националистичките партии расте низ целиот континент.
Пет земји од ЕУ: Италија, Финска, Словачка, Унгарија и Чешка имаат екстремно десничарски партии во владата.
Во Шведска, опстанокот на извршната власт зависи од договорот за доверба со националистичките шведски демократи, кои се втората по големина сила во парламентот.
Во Холандија, антиисламскиот политичар Герт Вилдерс е на работ на моќта, откако склучи историски договор за формирање на најдесничарската влада во поновата холандска историја.
Според анкетите спроведени од Политико во Франција „Националниот фронт“ на ултрадесничарката Марин Ле Пен ја доби довербата на околу 30 отсто од гласачите, што е далеку пред партијата „Преродба“ на францускиот претседател Емануел Макрон.
Од другата страна на Рајна, Алтернатива за Германија, партија под полициски надзор поради своите екстремистички ставови, е на второто место во анкетите, заедно со социјалдемократите.
Тие партии би можеле да го искористат моментот и да формираат моќен политички блок две недели пред изборите, но само доколку успеат да го задржат своето единство, пишува Политико.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра