-->
-->
Полициска рација синоќа по дискотеки во Скопје - уапсен сопственик на ноќен клуб
-->
Полициски службеници упаднале синоќа во неколку ноќни клубови меѓу кои и Сектор и ги легитимирале посетителите.
Повеќе граѓани на социјалните мрежи изразија револт поради синоќешната акција на Министерството за внатрешни работи во ноќните клубови во Скопје. Тие сведочат дека полицајци вооружени со автоматско оружје барале да се угаси музиката во ноќниот клуб „Сектор" со образложение дека се врши контрола на возраста на гостите.
Неофицијално, уапсен бил сопственикот на дискотеката поради тоа што се спротивставил на ваквиот начин на контрола, односно на барањето да се угаси музиката, објави порталот еМагазин.
Се чека официјален информација од МВР за оваа акција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата