Свет
11. October 2017 - 8:30

Погледнете каква постелнина му купи Берлускони на Путин

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони на рускиот претседател Владимир Путин му подари рачно изработена постелнина, на која е испечатена фотографија од нив двајцата како се ракуваат, а во позадината се гледаат знаменитости на Италија и Русија.

Берлускони викендов допатува во Русија, за лично да му го даде подарокот на рускиот претседател, по повод неговиот 65-ти роденден.

Кремљ засега нема коментар за реакцијата на Путин за подарокот.

Путин и Берлускони негуваат долгогодишно пријателство - првпат се сретнаа на Самитот на Г-8 во 2001 година во Женева и оттогаш постојано стоеја еден до друг на официјални меѓународни средби.