Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
Собранието денеска ќе ја одржи 8. седница на која на дневен ред се верификација на мандат на пратеници и Предлог на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
Премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа дополнувањето на Законот за енергетика со цел да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.
Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.
На оваа седница како прва точка е верификација на мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на Мицкоски и на неколкумина други новоизбрани министри.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво
-
Спектакуларно отворање на 50-то издание на фестивалот на народни песни ,,Пеце Атанасовски‘‘ во Прилеп
-
По теркот на останатите туристички центри потребно е да се работи на инклузивен туризам