Почнува 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Со претставата „Венецијанскиот трговец“ на Шекспир вво изведба на Драмски театар-Скопје, вечер во 20 часот во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворен 52. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На отворањето на фестивалот ќе му биде врачена наградата за животно дело на Митко Маџунков.
Во официјалната селекција во трка за награди годинава се уште 11 претстави: „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата) на Прилепскиот театар; „Злосторство и казна“ на Битолскиот театар; „Трудна приказна“ на Театар Комедија од Скопје; „Плавиот-кучето“ на Албански театар-Скопје; „Хај-фај“ на Кумановскиот театар; „Лазаревото писмо“ на Штипскиот театар; „Отело“ на Турски театар-Скопје; „Џон Габриел Боркман“ на Струмичкиот театар; „Копање“ на Македонскиот народен театар; „Аналфабет“ на Охридскиот театар и претставата „Ана Комнена“ на Велешкиот театар.
Според селекторот и претседател на Советот на Фестивалот Петар Темелковски, МТФ годинава има богата програма во која заедно со 12-те претстави од официјалната програма ќе понуди вкупно 20 претстави.
- Уверен сум дека публиката ќе ужива во сите фестивалски вечери. Има разновидна програма. Се потрудив како селектор да го изберам најдоброто што го создале македонските театарски куќи меѓу двата фестивала. Секој ден од 19.30, од 22 часот и по полноќ ќе има претстави и ја очекуваме публиката која знае да ги цени достигнувањата на ансамблите во македонските театри, рече Темелковски на прес-конференција.
Пред свеченото отворање на Фестивалот, во 19.30 часот во ликовната галерија на Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Пејзажи на душата“ од Стефан Хаџиниколов, а во изложбениот салон на Домот на културата ќе се отвори и изложбата на дела на Друштвото на ликовните уметници од Битола.
МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе трае до 16 јуни, а на завршната вечер во чест на наградените Македонската опера и балет ќе го изведе мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Поради голем интерес, најавени се две изведби на мјузиклот.
Ново на Сител
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош
-
Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба