Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе биде „многу љубезен“ со Кина во евентуалните трговски преговори и дека американските давачки ќе бидат намалени доколку двете држави постигнат спогодба.
На прес-конференција во Белата куќа, Трамп и неговиот секретар за финансии Скот Бесент зборуваа за смирување на трговската војна со Кина.
„Тие значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“, рече тој, навестувајќи можно олеснување на трговскиот конфликт меѓу двете најголеми економии во светот.
Овие изјави доаѓаат по турбулентна реакција на финансиските берзи, што, според експертите, предизвикало загриженост кај Трамп. Неговиот министер за финансии подвлече дека САД не сакаат целосно да ја прекинат економијата со Кина. Двете водечки економии во светот воведоа речиси блокирачки тарифи една кон друга.
Според аналитичарите, „пазарите реагираа панично и непредвидливо, а Трамп се исплаши“. Тие оценуваат дека Белата куќа брза кон договор заради падот на берзите и зголемените приноси на државните обврзници.
Кинеските власти засега немаат официјална реакција, но локалните медиуми и социјалните мрежи забележаа промена во тонот на Трамп. Во Кина, коментарите беа сфатени како знак на отстапка од претходната агресивна тарифна политика.
Трговската напнатост ескалираше откако САД воведоа нови давачки од 10 отсто на увозот од сите држави и најавија повисоки стапки за стоки за над 60 земји, додека царините за кинески производи беа зголемени до 145 отсто. Кина возврати со намера да воведе 125 отсто давачки за стоки од САД. Одложувањето на дел од мерките за 90 дена само делумно го олесни ударот врз пазарите.
Ново на Сител
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје