Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски по шест години судење денеска беше осуден на неправосилна судска пресуда од три години и шест месеци затворска казна, соопшти попладнево Кривичниот суд.
Според пресудата, административниот објект, односно новата општинска зграда за која е осуден за бесправна градба се одзема во корист на државата.
-Судот го прогласи за виновен обвинетиот С.Ј за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година. Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции, а само во два предмети се изречени затворски казни. Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години. Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор, соопшти Судот.
Освен Јакимовски пресуда е донесена и за претходно вработен во општината, Т.Ѓ. условно осуден на казна затвор од две години која нема да се изврши доколку во следните 5 години не стори ново кривично дело.
Двајцата обвинети солидарно се задолжени да ја надоместат штетата на Буџетските средства на Македонија.
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон