202 санкционирани возачи на територијата на градот Скопје, 43 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 24 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 14 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за нерегистрирани возила, девет мерки за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
-
САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа
-
Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
-
Мисајловски учествува на министерски состанок на НАТО во Брисел
-
Кампања на Противпожарен сојуз на Град Скопје за заштита од пожар на шумите
-
Македонскиот и грчкиот министер за внатрешни работи Тошковски и Ливаниос на средба во Преспес
-
Сончево и топло до попладне, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО