-->
-->
Побарани парични казни за три лица кои го прекршиле полицискиот час во Скопје
-->
За кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица.
Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, при контроли извршени на 23 и 24 март, биле затекнати во прекршување на полицискиот час. Спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот како мерка за сузбивање на заразна болест, тие се движеле на различни локации во градот.
Јавното обвинителство за обвинетите предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест
-
Нов протест за новиот автопат
-
Управниот одбор на Токсикологија ќе ја решава судбината на Клиниката
-
Македонци осудени на 5 години затвор во Грција - пренесувале 599 лажни бланко документи