Пијанистката Валентина Лисица солист на вечерашниот концерт на Филхармонија
Валентина Лисица од Украина/САД, една од најпознатите пијанистки на класичната музика денес, ќе биде солист на вечерашниот концерт на Македонската филхармонија и ќе го изведе Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Сергеј Рахмањинов.
Концертот, насловен „Атрактивната Лисица“, ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа од Романија, шеф-диригент на Државниот филхармониски оркестар „Трансилванија“ во Клуж-Напока.
- Славната пијанистка Валентина Лисица ја опишуваат како првата Јутјуб-ѕвезда на класичната музика и првиот класичен уметник кој својот успех на интернет го претвори во глобална концертна кариера низ Европа, САД, Јужна Америка и Азија, соопшти Филхармонијата.
На програмата на вечерашниот концерт е и свитата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски.
Ново на Сител
-
Каква економија не очекува
-
Штипска Физикална се модернизира за да одговори на потребите на пациентите
-
На Водно се засекуваат бадникарските дрвца
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран