Петти состанок за прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште“
Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) денеска во Ранковце ќе го одржи Петтиот редовен состанок со заинтересирани страни за прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште”, која ја сочинуваат претставници од различни институции, организации, бизниси од Македонија, Бугарија и Србија.
Во фокус на состанокот ќе биде усвојувањето на основната анализа и стратешка рамка за економски развој на прекуграничниот регион, реализирани активности во регионот, како и идни повици за аплицирање.
Состанокот е организиран од Постојаната работна група за регионален рурален развој (СВГ) во рамки на проектот финансиран од Европската унија „Потикнување на регионалната соработка и рамномерен територијален развој на земјите од Западен Балкан во процесот кон ЕУ интеграција".
Во продолжение на состанокот СВГ организира и тридневна работилница за развивање на капацитети со наслов „Градење на капацитети – од визија до реализација“. Главна цел на работилницата е воспоставување и зајакнување на вредносните синџири и партнерства за одржлив рурален развој, како и за развој на идеи за можни заеднички активности за интегриран економски развој и развивање на проектни идеи во прекуграничниот регион „Пчиња-Крајиште”.
Ново на Сител
-
Македонците од Албанија бараат помош од државата за справување со бугарската пропаганда
-
Тема на денот со Васил Стерјовски
-
Амнестирани обвинетите во случајот „Организатори на 27 април“
-
Рокас: Интензивирани се дипломатските активности, власта да ја спроведе реформската агенда, а ние сме тука да асистираме
-
Посетата на Мицкоски на САД – за ВМРО-ДПМНЕ државен успех, за СДСМ евтина ПР фарса
-
Ахмети со скандалозна изјава од Чашка - Македонците според него зборуваат на бугарски јазик
-
Додека болните чекаат терапија, политичките партии се препукуваат за Онкологија
-
Унгарскиот заем наскоро ќе биде достапен за фирмите