Македонија
23. January 2025 - 16:31

ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна

За една недела има за 34 проценти повеќе болни од грип во Македонија. Според последниот извештај на ИЈЗ изминатата седмица регистрирани се 1412 случаи. Најмногу пријавени има во Скопје, Кавадарци, Куманово...

И покрај растот на бројките од ИЈЗ смируваат дека состојбата не е алармантна бидејќи не се преоптоварени болничките капацитети, а нема ниту тешки пациенти со компликации од вирусот на одделите за интензивна нега.

- Има зголемен број на болни од грип псоледната недела, но нема пациенти на интензивна нега, а бројот на случаи е помал во споредба со ланската сезона, изјави д-р Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.

Од ИЈЗ очекуваат почетокот на второто полугодие и враќањето на децата во училишните клупи уште повеќе да го зголеми бројот ан болни од грип.

- Со оглед дека почна школската година, очекуваме пикот да биде кон средината или крајот на февруари, додаде д-р Андоновска.

Засега од Комисијата за заразни болести не препорачуваат дополнителни мерки за заштита од респираторните инфекции, освен забрана на посети во болниците.