Пендаровски: Мудроста и поуките на Св. Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ
Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима.
Почитуван г. г. Стефан,
Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, да ви го честитам празникот Свети Климент Охридски.
Како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во македонското културно наследство, но и во историјата и во традицијата на многу европски земји.
Мудроста и поуките на свети Климент Охридски се втемелени во светогледот на нашиот народ и на нивните вредности се развива и нашата Македонска православна црква. Инспирирани од неговото дело, во овие сложени времиња исполнети со многу предизвици, да се стремиме кон подостоен живот, живот исполнет со добри дела.
Да бидеме солидарни, сплотени, да си посветуваме внимание и да си даруваме љубов.
Нека е за многу години големиот празник Свети Климент Охридски.
Кабинет на претседателот Стево Пендаровски
Ново на Сител
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија