-->
-->
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-->
Вчера во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса“ со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен.
Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа