Пендаровски: Македонскиот дел од Историската комисија нема да се согласи на „квази-историски“ аргументи
Претседателот на државата Стево Пендаровски верува дека македонските членови на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања со Бугарија нема да се согласат за ниеден „квази-историски“ или „квази политички“ аргументи, какви што често доаѓаат од Софија.
По отворањето на 55. јубилејна Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Пендаровски прашан за оценка за реакциите во јавноста околу објавените Препораки на Историската комисија, нагласи дека изминатите месеци по која било која шпекулација или полуинформација што доаѓа од Софија, во земјава цела нација се крева на нозе и се обидува да објасни што значи тоа.
– Станува збор за Препораки кои се договорени пред три години, зад кои стои целиот состав на нашиот дел од Комисијата. И ако после вчерашното образложување на сите тие Препораки од македонската страна на Комисијата на некого не му е јасно дека станува збор за препораки, кои со ништо не задираат во македонскиот јазик и идентитет, тогаш за тие луѓе, кои и после ова не разбираат, нема спас, изјави Пендаровски.
Тој нагласи дека нема никаков сомнеж во членовите во македонскиот дел од Комисијата, не само денес, туку и во изминатите три години откако се поставени на таа позиција, дека работат во заштита на македонскиот идентитет, јазик, име… и се што следува во тој контекст.
– Немам сомнеж ниту во наредниот период дека нема да се согласат на некој квази историски или квази политички аргументи кои доаѓаат често од Софија, истакна Пендаровски.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата