Македонија
27. јуни 2024 - 12:21

Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска

Одложен судскиот процес за родилката од Дебар Веапоска

Одложен судскиот процес за родилката од Дебар Веапоска која остана без јајник ,матка и бубрег.Поради тоа што супервештачењето со кое ќе се утврдува дали има или не вина кај лекарите од струшката болница сеуште не е готово не се одржа рочиштето во Основниот суд во Струга.

Веапоска со молба до докторите и судот вистината да излезе на виделина бидејќи како што вели чекајќи ја правдата е исцрпена  физички , психички и финансиски.

Супервештачењето треба да го прави судско медицински одбор при Медицинскиот факултет од Скопје од страна на  три вешти лица. Скандалот со родилката се случи на 31 август 2020-та година.