Свет
7. September 2024 - 14:06

Пациент во Америка заразен со птичји грип без претходен контакт со болни животни

Едно лице во американската сојузна држава Мисури е заразено со птичји грип Х5, без претходно да биде во контакт со заразено животно, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Се истакнува дека тоа е прв ваков случај во САД.

– Ова е 14-ти случај на Х5 кај луѓе пријавен во САД во текот на 2024 година и прв случај на Х5 без позната изложеност на болни или заразени животни, се вели во соопштението на ЦДЦ.

Тоа е, исто така, е првиот случај на Х5 откриен преку националниот систем за надзор на грип во земјата, а не преку насочен надзор на тековната епидемија на птичји грип кај животните.

Болниот имал здравствени проблеми и бил хоспитализиран на 22 август.

Пациентот бил позитивен на инфлуенца А и бил лекуван со антивирусни лекови против грип и продолжува да закрепнува дома, се вели во соопштението на здравствените служби во Мисури.

Случајот е под истрага на Министерството за здравство и човечки услуги во Мисури, а ЦДЦ проценува дека ризикот од инфекција со Х5Н1 кај пошироката јавност останува низок.