Отворен 3. Малински фото фестивал во Куманово
Во кумановскиот Центар на културата „Трајко Прокопиев“ денеска е отворен третиот по ред „Малински Фото Фестивал“ во организација на Фото клубот од Куманово.
Љубителите на уметничката фотографија имаат можност да разгледаат околу 400 фотографии работени во колор и црно бела техника. Фотографиите се дела на реномирани фотографи од светот, но и на аматери и ученици.
Дводневниот фестивал вклучува и меѓуклупска изложба „Круг“ што ја реализираат ФК Куманово и ФК Војцин од Полска.
- Фестивалот е единствен од ваков карактер во Македонија. За прв пат е дводневен, бидејќи претходните години, агендата беше обемна, а интересот се повеќе се зголемуваше, така што одлучивме, фестивалот да го однесеме и во Кратово и тамошната публика да ја почувствува енергијата. Утре ќе го отвориме фестивалот со Фото сафари, по што ќе следат два меѓународни салони, изјави Дарио Королија од Фото клубот Куманово.
Жаклина Стефановска, координатор од Фото клубот од Куманово, појасни дека Малинскиот фото фестивал ги отвора вратите за сите фотографи кои работат на слободна тема.
Таа информира дека на Малинскиот фото фестивал уметнички фотографии ќе презентираат ученици од средното училиште „Наце Буѓони“.
Во рамки на фестивалот српскиот фотограф Зоран Ѓорѓевиќ ќе одржи предавање за изработката на документарната фотографија, а самостојна изложба ќе има и фотографот Золтан Бисак од Србија. Во текот на денот ќе следи и отварање на клупската изложба на ФК Куманово насловена како „Тумба“ што ќе биде отворена во просториите на Уметничката галерија. Предвидени се проекции на шест реномирани фотографи од Македонија и странство. Во попладневните часови ќе биде отворена самостојната изложба на фотографот Марина Крстиќ.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат