Откриена спомен плоча во центарот на Скопје по повод 110 години од раѓањето на Мајка Тереза
На плоштадот Македонија е откриена спомен плоча посветена на Света Мајка Тереза, а промовирана е и книгата посветена на нејзиниот живот и дело.
На собирот се обрати претседателот на Собранието Tалат Џафери:
„Апелирам до сите вас присутни и почитувачи на ова ценета фигура да бидете совесни, одговорни, да се грижиме едни за други, да се грижиме за блиските, познатите и непознатите, и на овој начин да придонесеме за победа на оваа пандемија која го има зафатено светот.“
Денешниот настан е во рамки на традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза, организирана од граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ .
Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.
На 18-годишна возраст, водена од желбата да стане мисионерка, Гонџа го напушта својот дом и родното Скопје .
Во Калкута, Индија 1931 година го далва својот прв завет како сестра Тереза.
Папата Јован Павле II во 2003 –тата година ја прогласи Мајка Тереза за Блажена, а на 2016 година, еден ден пред годишнината од нејзината смрт, Папата Фрањо ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
Сања Сеизова Мрмова
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата