-->
-->
Оштетен авионот на Владата на Црна Гора, нема повредени
-->
– Авионот на Владата на Црна Гора беше оштетен синоќа на аеродромот во Подгорица. Во инцидентот, што се случи околу 22 часот, нема повредени, јави РТЦГ.
Непосредно пред инцидентот, државни службеници и членови на делегацијата се симнаа од авионот.
На владиниот авион, како што се наведува, најверојатно се скршила опремата за слетување.
За настанот беа известени надлежните органи, кои ќе спроведат истрага за тоа како и зошто настанал инцидентот.
Во авионот беше делегацијата предводена од претседателот на Собранието, Алекс Бечиќ, која учествуваше на Самитот на претседатели на парламентите на Западен Балкан, во Љубљана, пишува „Вијести“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници