Општина Пробиштип подготвува ДУП за СРЦ Пониква
Општина Пробиштип започна со изработката на Деталниот урбанистички планза СРЦ Пониква, со што Локалната самоуправа ќе добие стратешки документ за натамошна реализација на активностите на терен. По реализираните јавни расправи, деновиве се очекува негово донесување.
- Новиот Детален Урбанистички План на Пониква во делот што го опфаќа општината Пробиштип, ќе се простира на површина од 30 хектари во кој ќе има опфатено парцели за викенд куќи, хотели, одмаралишта, спортски објекти и објекти за други намени. Локалната самоупрва ке ги следи барањата на инвеститорите и ќе интервенира во изградбата на потребната инфраструктура, изјави Тони Тоневски, градоначалник на Општина Пробиштип.
За развој на планинскиот центар на Пониква неопходно е заеднико инвестирање на општините Кочани и Пробиштип во решавање на инфраструктурните прашања, пред се изградбата на нов водоводен и канализациски систем за целата територија.
Според Тоневски, за развој на зимскиот туризам на Пониква во план е продолжување на постоечките и изградба на нови скијачки патеки и ски-лифтови, како и изградба на нови скијачки терени со поголема должина и изградба на нови жичари, со што Пониква ке стане препознатлив зимски ски-центар во Источна Македонија.
За почетокот на идната година,истакнува Тоневски, се очекува да се доврши сообраќајното поврзување на пробиштипското село Турско Рударе со кочанското Рајчани, а оттаму и до Пониква.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец