Општина Куманово одвои 800 илјади денари за заловување кучиња скитници
Во Куманово ќе почне акција за заловување кучиња скитници. Тендерот што го распиша општината е завршен. Кучињата ќе ги заловуваат екипи на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово. За оваа цел општината од буџетот издвои 800 илјади денари без вклучен ДДВ, информираа денеска од Секторот за инспекциски надзор.
- Акцијата за заловување, како и претходните години ќе почне од централното градско подрачје, а понатаму ќе се шири кон периферијата на градот, изјави комуналниот редар од Секторот за инспекциски надзор Гордан Таневски.
Кучињата ќе ги заловуваат стручни екипи од ветеринарниот центар, кој располага со прифатилиште лоцирано во кумановското село Четирце.
- Прифатилиштето ги исполнува сите законски стандарди. Кучињата се чуваат триесет дена, подлежат на третмани и се враќаат на локацијата каде што се заловени, изјави Таневски.
Кумановци редовно го информираат Секторот за инспекциски надзор за присусутво на кучиња скитници во одредени делови од градот.
Со претходниот тендер на подрачјето на градот беа заловени околу 300 кучиња скитници.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата