Свет
3. January 2018 - 13:04

Околу 200.000 домаќинства во Франција останаа без електрична енергија поради снежната бура

Снежната бура Елеанор, проследена со силен ветер, остави без електрична енергија речиси 200.000 домаќинства во северниот дел на Франција. 

Ветровите на Елеанор на места достигна брзина и до 140 километри на час. 

Поради снежната бура денеска за посетителите е затворена и Ајфеловата кула во Париз.

Поради невремето доцнат и авионските летови, а најголем проблем има на најголемиот париски аеродром „Шарл де Гол“.