Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани
Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во текот на денот.
Засега до ОС Кочани нема пристигнато барање за вчера приведените поранешни градоначалници на Кочани, Николчо Илиев и Ратко Димитровски и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов.
Обвинителството и полицијата синоќа спроведоа акција за приведување на лица за кои постои сомнение за инволвираност во пожарот, за што Јавното обвинителство најави дека денеска ќе информира.
Судија на претходна постапка, претходно одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа и на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан
Со истражните активности до пред приведувањето на тројцата поранешни градоначалници беа опфатени 28 лица.
Веќе е отворена истрага и е определен 30-дневен притвор за седум службени лица, вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани, кои се осомнични дека како соизвршители, изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа. Трајковски.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени. Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години, вчера беа погребани во Кочани, Штип, Облешево и Скопје.
Ново на Сител
-
38-годишна социјална работничка ранета од огнено оружје од лице кое подолго време ја демнело
-
Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување
-
Приведени две лица, превезувале осум мигранти
-
Тетовчанец физички ги нападнал својата мајка и брат
-
Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани
-
Боре Видевски: Немам ништо со убиствата, полицијата ме тепаше по трансплантираниот бубрег, морав да потпишам признание
-
Јанев: Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, ја напуштам Левица
-
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи