Свет
23. May 2021 - 19:10

Расте бројот на загинати во несреќата во Италија

Расте бројот на загинати во несреќата во Италија. Најмалку 13 луѓе загинаа по уривањето на жицарница во близина на езерото Маџоре на северот од Италија. 

Повредени се две деца кои се транспортирани во локална болница.

Кабината од жичарницата се урна при превоз на патници од градот Стреса до планината Мотароне, патување што трае околу 20 минути. 

Кабината паднала од висина од сто метри. Се претпоставува дека причина за несречата е попуштање на носечкиот кабел на жичарницата.