Свет
29. September 2016 - 14:07

Од оваа домаќинка најмногу се плашат џихадистите: Им сече глави и ги вари на тивок оган

„Замолчете и смирете се“, кратко и отсечно им рече жената во црна облека и црна марама на мажите околу себе. Веднаш се смирија. Очигледно ужива големо почитување и тоа не само поради пиштолот што го носи под леват рака, 9-милиметарска берета. Пиштолот околу орозот е излижан, што укажува дека често се крости, вака новинарот на Си Ен Ен ја опишува средбата во 39-годишната Вахида Мохамед, позната како Ум Ханади.

Таа води група од 70-тина мажи околу Ал - Сиркат кој се наоѓа на околу 80 километри јужно од Мосул во Ирак.

Таа и нејзините луѓе се дел од „племенската полицијата“ и неодамна им помогнаа на владините сили да ги исфрлат џихадистите од тој град. Во машкиот свет каков што е руралниот Ирак, женски борци се вистинска реткост. Но, Вахида Мухамед во него е со години.

Шест пати се обиделе да ја убијат

-Почнав да се борам против џихадистите во 2004 година, во соработка со ирачките сили и како резултата на тоа навлеков гнев на многумина, посебно од Ал Каеда во Месопотамија, која подоцна прерасна во Исламска држава. Добивав закани од самото водство на Ид, вклучувајќи и закани од самиот Ал Багдати. На врвот сум од списокот на најбарани личност, раскажува таа за Си Ен Ен, додавајќи дека е повеќе барана и од премиерот.

Се обидувале џихадистите многу пати да ја убијат поставувајќи бомби во 2006, 2009, 2010, и три бомби бо 2013 и 2014. Нејзиниот маж загинал во акција по што повторно се омажила, но ИД на почетокот на годината го убиле нејзиниот втор сопруг. А таа вели, за влакно ја избегнала смртта.

Се е документирано на нејзиниот Фејсбук.

-Шест пати се обидоа со атентат врз мене, раскажува Вахида Мохамед, додавајќи дека шрапнели има во главата и нозете, како и скршени ребра. Има на лицето многу лузни, но тоа не ја спречило да продолжи да се бори, и вели дека таа ги водела мажите во бројни битки против ИД.

Генерал Џам Анад, заповедник на копненените сили во провинцијата Салахудин, откри дека тие ги опремиле со возила и оружје. За неа тој човек само рече: „Таа ги загуби браќата и мажите како маченици“.

-Се борев против нив, им сечев глави, ги варев нивните глави и ги палев нивните тела, раскажува со гордост оваа жена и вели дека сето тоа е документирано на нејзината Фејсбук страница.

Новинарите на CNN го погледале нејзиниот затворен профил и меѓу нејзините бројни готографии со поранешните мажи, војници и генерали, пронајдоа нејзина фотографија каде е облечена во црна облека и во раце држи отсечена глава.

Се опишува себеси како домаќинка

На друга фотографија има две глави во лонец, а на третата стои покрај изгорени трупови. Инаку таа себеси се опишува како домаќинка, и ги демантираше написите дека била фризерка зошто има една нејзина фотографија во фризерски салон. Има две ќерки од 20 и 22 години.

-Тие се истренирани за борба, вели додавајќи дека тие во овој момент се посветени на растењето на своите деца.

По разговорот со новинарот на CNN Вахида заедно со своите борци се качила на камионите. Еден од нив држел рачна бомба во рацете и му рекол на новинарот дека е наменета за Даеш, погрдно име за ИД, а другиот покажал огромна мачета и рекол дека и таа ќе заврши под вратот на некој џихадист.

Целото видео погледнете го на овој линк:

http://edition.cnn.com/2016/09/28/middleeast/iraq-housewife-fights-isis/