Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
Најмладите во руралните средини знаат за процесот на селекција на отпадот, но ретко селектираат бидејќи нема соодветна инфраструктура. Ова е заклучокот од серијата работилници реализирани во неколку основни училишта во Струмица кои имаа за цел да ги едуцираат учениците за важноста на селекцијата и заштита на животната средина.
Од здружението Еко тур логистик од каде во изминатите пет месеци работеа заедно со учениците, велат дека главниот проблем е што наученото не може и практично да биде применето во нивните домаќинства поради ограничената инфраструктура за управување со отпадот.
-За да се добијат посакуваните резултати, а ефектите од едукацијата да не останат ограничени неопходни се системски решенија не само во форма на инфраструктура туку и редовен систем на собирање различни видови отпад, велат од Еко Тур логистик.
За време на реализацијата на проектот било констатирано дека во руралните средини сериозен проблем претставуваат и дивите депонии за кои треба да се најде трајно решение во кое ќе бидат вклучени надлежните институции и локалните заедници.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар