Обвинителот Јовески преку писмо добил смртна закана од терористичка организација | ФОТО
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година во 10:26 часот, доби закана по неговиот живот.
„Препорачаната пратка со заканата е напишана на македонски и на англиски јазик. Заканата се однесува на конкретен кривичен предмет по кој постапката е завршена во декември 2021 година, со тоа што во предметот е донесена Резолуција со која постапката е запрена бидејќи е утврдено дека нема место за јавнообвинителско постапување. Заканата, како што се наведува во писмата, е од терористичка организација која се бори и убива за неправда и нејзините членови се подготвени да гинат за целите на организацијата.
Јавниот обвинител на Северна Македонија истакнува дека се залудни ваквите закани и во оваа прилика нагласува дека заканите, па дури и да се по живот нема да го поколебаат во примената на законите и во професионалното и одговорно постапување на Јавното обвинителство.
Пратката ќе биде доставена до Министерството за внатрешни работи заради испитување на содржината на наводите и лицето кое ја експедирало пратката.
Јавниот обвинител ја става на увид на јавноста содржината на писмената пратка која ја доби на 26.1.2022“, информираа од ЈО.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството