Обвинение за скопјанец кој повредил роднина и ја убил неговата сопруга
Скопското основно јавно обвинителство поднесен обвинение против скопјанец од Шуто Оризари за убиство и обид за убиство.
Тој на 14 јуни по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож отишол во домот на роднината. Кога роднината го видел и тој зел нож за да се брани по што настанала тепачка.
Со намера да ги раздвои меѓу двајцата застанала сопругата по што обвинетиот замавнувајќи со ножот и ја убил нанесувајќи и убодна рана во градниот кош и срцето.
Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и роднината нанесувајќи му две површински рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот по што го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал. За скопјанецот е побарано продолжување на мерката притвор со образложение дека постои опасност од бегство и можност да го повтори или доврши кривичното дело.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација