Македонија
11. February 2025 - 12:25

Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции

Иако постои евидентен напредок во подобрувањето на учеството на жените во високото образование, тие, сепак, не се доволно застапени.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која утрово беше дел од Глобалниот женски појадок што се одржува на Природно математичкиот факултет во Скопје порача дека жените треба да атакуваат на највисоките позиции. Констатираше дека правниот факултет никогаш немал декан жена.