Д-р Беќаровски: Труење со поголема количина на парацетамол предизвикува неповратно оштетување на црниот дроб
ТикТок предзивикот со пиење големи количини на парацетамол може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб и лицата да завршат на интензивна нега, предупредува професорот Нико Беќаровски откако се појавија видеа на кои се гледа како млади во Швајцарија земаат големи дози од овој лек за да бидат атрактивни меѓу врсниците.
- Без оглед што се работи за безбеден лек, многу лесно може да се предозираме со овој лек кој делува токсично на црниот дроб, изјави проф. д-р Нико Беќаровски, професор по токсикологија.
Според професорот по токсикологија 40 до 50 таблети парацетамол можат да предизвикаат сериозни труења и да дојде до смрт.
- Прашање е за што возраст се работи, полот, тежинарта на лицето и времетраењето од кога се испиле лековите додека е пружена прва медицинска помош, колку е тој период долг. Индивидуално е, но 40-50 таблети можат да предизвикаат неповратни оштетувања на црниот дроб, и за тоа единствен спас би била трансплантација на црниот дроб, вели професорот Беќаровски.
Доктор Беќаровски посочи дека последните 10-тина години 20 до 50 проценти од трансплантациите на црн дроб во ЕУ и САД поради акутно откажување на овој орган биле резултат токму на труења со парацетамол. Затоа апелиера родителите да внимаваат на децата, а фармацевтите да не им продаваат на младите големи количини од овој лек.
- Родителите да проверат што имаат по џебовите децата. Верувајте недај боже да дојде до тежок тип на труење ние тука сме беспомошни. Можеме да помогнеме кај помали дози, а од помош би бил и медицинскиот јаглен во првите два часа од труењето, а понатамошното лекување е во болничките установи, рече професорот Беќаровски.
Според здравствените власти засега нема пријава од болниците и клиниките за пациент кој испил поголема количина на парацетамол. Предупредувањата следуваат окако кон крајот на минатата година 20-тина млади завршија со скршеници поради друг предизвик на ТикТок.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар