Објавени листите за сместување во студенските домови, за бруцошите аплицирање од понеделник
Објавени се резултатите од конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии.
– Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември 2021 година, информираа денеска од МОН.
Аплицирањето за студентите од прва година ќе почне на 6 септември и ќе трае до 24 септември. За бруцошите предвидени се 1249 места во студентските домови.
– Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом, соопшти МОН.
Доколку по објавувањето на конечните списоци, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до целосното пополнување, најдоцна до 15 ноември.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници