Новогодишната ноќ минала мирно без поголеми инциденти
Испијанети малолетници, повредени од петарди, тепачки, приведени лица, вака помина најлудата ноќ во земјава. Најмладиот пациент примен на Токсикологија има 14 години, а најмладата 17г. На клиниката биле примени вкупно 21 пациенти.
13 годишно момче се здобило со траен инвалидитет на раката од пукање на петарди.
Полицијата имала полни раце работа, 33 лица завршиле во станица. За време на прославувањето се случиле повеќе сообраќајни несреќи од кои 3 со тешки телесни повреди. Министерот сепак оцени дека новогодишната ноќ поминала мирно без поголеми инциденти.
Државата е безбедна и со мала но силна армија. На првиот ден од новата година, претседателката ја посети касарната во Штип и посака оваа година мирот да биде опција а оружјето да нема потреба да се користи.
Претседателката новогодишно помилува 7 осудени лица, за кои рече ова не е трајно туку 3 месечно помилување. Секој кој се огрешил пред законот треба да ја одлежи својата казна, делумно помилиувани се 6 лица во времетраење од 3 месеци, едно лице трајно доби слобода.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар