-->
-->
Новинарката кој носи хиџаб се сликаше за Плејбој
-->
Американската новинарка, муслиманка која носи хиџаб, Нор Тагоури се сликала за Плејбој.
Тагоури (22) ќе се појави во октомвриското издание, а се сликала во хиџаб, фармерки и кожна јакна.
Како што самата изјавила, има за цел да биде првата покриена водителка на комерцијална американска телевизија.
Таа верува дека тоа што е муслиманка ја направило подобар новинар: „Мислам дека луѓето повеќе веруваат во мене“.
Тагоури добива голем број на пораки со омраза и критики на интернет. Но, таа не обрнува внимание на тоа.
„Тоа е нездрава, негативна енергија. Околу себе имам прекрасен круг на луѓе. Без разлика дали сум дома или на работа, луѓето кои се грижат за мене, можат слободно да ме критикуваат. За тие „критичари“ сакам да работам, а се трудам да не им овозможам на другите да ме вознемират“, - изјавила новинарката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат