Новата транша помош за Грција одложена за еден месец
Министрите за финансии на еврозоната го одложија за еден месец исплаќањето на новата транша финансиска помош за Грција поради недоволни реформи.
Еврокомесарот за економија и финансии, Пјер Московиси, по вчерашниот состанок на Еврогрупата синоќа рече дека е уверен дека до следниот состанок во април ќе можат да бидат ослободени парите. Откако Грција излезе од третата програма за спасување во јуни 2018, министрите за финансии одобрија ослободување на дополнителна помош за Атина, но под одредени реформски услови.
Оваа транша изнесува една милијарда евра.
Грчките власти имаат задача да спроведат уште три претходни мерки за да добијат зелено светло од Европската Унија.
Министрите за финансии сепак констатираа позитивен напредок во земјата и веруваат дека до следниот месец Атина ќе ги имплементира бараните реформи, со што ќе се одобри ослободувањето на новата транша.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници