Во прекин авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен
Сите летови до и од аеродромот во Ајндховен од утринава се прекинати поради технички проблем што го оневозможил аеродромот да работи и не се очекува да се острани пред раните попладневни часови.
„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во краткото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот „НЛ Тајмс“.
Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично се реализираат од 7 часот наутро, но денеска во 08:30 часот кралското воздухопловство објави на платформата Икс дека најверојатно проблем со мрежата го предизвикал прекинот на авиосообраќајот.
„Се уште не е јасно кога ќе се реши проблемот. Работиме на решение“, се вели во соопштението.
Околу 58 авиони требаше да слетаат на аеродромот во Ајндховен денеска, од кои 21 авион пред 13 часот.
Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ и на аеродромот Шипхол, соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.
Ново на Сител
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор
-
Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени