Во прекин авиосообраќајот на аеродромот во Ајндховен
Сите летови до и од аеродромот во Ајндховен од утринава се прекинати поради технички проблем што го оневозможил аеродромот да работи и не се очекува да се острани пред раните попладневни часови.
„Авиосообраќајот во моментов не е возможен на аеродромот во Ајндховен поради дефект, чија причина се истражува“, се вели во краткото соопштение на управата на аеродромот, пренесува порталот „НЛ Тајмс“.
Првите летови од аеродромот во Ајндховен обично се реализираат од 7 часот наутро, но денеска во 08:30 часот кралското воздухопловство објави на платформата Икс дека најверојатно проблем со мрежата го предизвикал прекинот на авиосообраќајот.
„Се уште не е јасно кога ќе се реши проблемот. Работиме на решение“, се вели во соопштението.
Околу 58 авиони требаше да слетаат на аеродромот во Ајндховен денеска, од кои 21 авион пред 13 часот.
Се очекува да има „умерени доцнења во утринските часови“ и на аеродромот Шипхол, соопшти Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еуроконтрол.
Ново на Сител
-
Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палчо случајот е политичка наредба
-
Апелација ја укина пресудата против Зекири
-
Се намалуваат цените на над 70 производи, Владата ја усвои есенската кошничка
-
По изготвување на Буџетот повисоки плати во образованието и здравството
-
Мицкоски: Нема да дозволам ултиматуми додека јас ја водам македонската Влада
-
Релаксирање на односите со соседите
-
Таравари: Уставниот суд избрза, спремавме Закон за правична застапеност
-
Општините го чекаат последниот ден за доставување на целосни документации за финансирање на проекти со кредитот од Унгарија