Loading Video...
Спорт плус
1. August 2022 - 13:03
Австралијките поставија нов светски рекорд
На Комонвелт Игрите што се одржуваат во Бирмингам, австралиските пливачи ја потврдија својата доминација освојувајќи три златни медали притоа поставувајќи и еден светски рекорд.
Откако во финалето на 50 метри слободно кај дамите победи Ема МекКеон, а на 100 метри грбно Кејли МекКјун постави нов рекорд на Игрите, австралиската женска штафета 4x200 слободно, го собори светски рекорд кој сега изнесува 7.минути, 39.секунди и 29 стотинки, што е за 1.секунда и 4 стотинки подобро време од досегашниот рекорд.
Големо разочарување беше Англичанецот Адам Пити кој на 100 метри градно заврши на 4-тото место во трката во која победи неговиот сонародник Џејмс Вилби.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->