Македонија
16. February 2018 - 14:08

Необичен грабеж во менувачница во Штип

Во полиција вчера било пријавено дека ноќта 14/15.02.2018 година во Штип, на ул.„Ванчо Прке“ во менувачница сопственост на М.М. (53) непознат сторител откако влегол во менувачницата од пултот одзел околу 30.000 денари.

Потоа, од засега непознати причини избувнал пожар, односно почнал да гори двосед во менувачницата, а сторителот го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР-Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.