-->
-->
Нема дилеми, Меси ја завршува кариерата во Барса
-->
Лионел Меси останува во Барселона. Шпанските медиуми објавија дека Аргентинецот договорил нова соработка до 2022 година, а клаузулата за отштета ќе изнесува неверојатни 400 милиони евра.
„Секогаш сум сонувал дека кариерата ќа ја завршам во Барселона“, рекол Меси, кој во 2022 година, кога ќе му истекне договорот, ќе има 35 години.
Меси оваа сезона со својот клуб остана без двете најзначајни титули, во првенството и во Лигата на шампионите, а со тоа ќе остане и без „Златната топка“, која со голема веројатност ќе заврши во рацете на Кристијано Роналдо. Доколку ја освои „Златната топка“, Португалецот ќе се израмни со Меси, двајцата ќе имаат по пет вакви награди.
„Сите се трудат да бидат најдобри, ништо повеќе. Не ме интересираат такви приказни. Кристијано Роналдо е голем фудбалер кој поседува голем квалитет. Еден е од најдобрите во светот“.
Најдобриот играч на Барселона открил дека најмногу болка во фудбалската кариера му нанеле поразите со Аргентина во финалињата на Мундијалот во Бразил и Копа Америка.
„Трипати бевме блиску, но решија детали. Мислам дека во клучните моменти немавме среќа. Едно финале загубивме во продолженијата, а две на пенали. Тие порази болат. Не е лесно да се вратите по такви порази, но ние успеавме, двапати“, рекол Меси, кој се наоѓа на подготовките со репрезентацијата за пријателскиот меч со Бразил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори