Македонија
31. January 2018 - 13:29

Неготинец на банкомат во Кавадарци испразни картичка на делчевчанец, го фати велешката полиција

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против В.П.(23) од Неготино за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
 
На 4. декември минатата година во Кавадарци, во филијалата на Комерцијална банка, од банкомат, со дебитната картичка, сопственост на лице од Делчево, В.П. извадил 30.000 денари.